Александра Амбросио сака да експериментира со модата, а екстравагантноста одлично и прилега
Таа е една од најуспешните манекенки во светот. Убавата Бразилка работеше за најпознатите светски брендови, што и донесе голема слава.
Пред неколку години реши да се „пензионира“, но често се појавува на важни светски настани. Александра сега се прошета на Канскиот филмски фестивал, кој собра бројни познати личности.
Амбросио покажа дека, иако повеќе не е професионален модел, ја одржува линијата и изгледа одлично.
Таа веќе двапати го посети фестивалот. Присуствуваше на премиерата на филмот „Three Thousand Years of Longing“ облечена во неверојатен сребрен фустан што го искомбинира со соодветен блескав накит. Ја носеше косата пуштена по грбот.
Се појави и на премиерата на „Време на Армагедон“, облечена во екстравагантен бел фустан со големо надуено здолниште. За сè да изгледа уште погламурозно, го спои со бели ракавици до лактот.