Александра Пријовиќ наполни 27 години: Емотивни ЧЕСТИТКИ стигаат од сите страни (ФОТО)

22 септември, 20220
90612e50f2f86b2302242478f55000c65cc1320f

Пејачката денеска слави роденден, а пријателите и членовите на семејството се огласија по тој повод

Пејачката Александра Пријовиќ денеска полни 27 години. Иако е сè уште млада, зад себе има успешна кариера, се оствари и во улогата на сопруга и мајка.

По тој повод честитки преку социјалната мрежа Инстаграм објавија нејзините најблиски луѓе.

Меѓу првите беа нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ и мајката Борка. Таа објави фотографија од неа и Александра со многу емотивен опис.

„Од денот кога те видов знаев дека ќе бидеш најпосебна и ќе ме направиш најсреќната мајка на светот! Оди храбро по својот пат, но мајчината прегратка е секогаш тука за тебе! Среќен роденден најдрага ќерко, твојата мајка те сака повеќе од се на светот“, напиша Борка.

Нејзиниот сопруг Филип исто така закачи нивна заедничка фотографија на која пишува: „Среќен роденден, мама. Те сакаме“.

Честитки со многу емотивна порака реши да испрати и Анастасија Ражнатовиќ.

“Среќен роденден Алекс моја! Биди секогаш среќна, исполнета, сакана! Продолжи да создаваш бидејќи тоа е она што најдобро го правиш. За тоа си родена, те сакам!”, напиша Анастасија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi