Алек Болдвин ги растажи следбениците: Минатата година срцето ми се скрши илјада пати, доаѓаат многу промени

popara29 септември, 20221min00
Screenshot_8

Годинава за Алек Болдвин беше исклучително драматична и тешка, но тој сепак успеал да пронајде причина за среќа.

 

 

 

Актерот Алек Болдвин му се заблагодари на своето семејство што го одржало во живот последнава година по случајното убиство на снимањето на филмот Rust во октомври 2021 година.

 

Алек уште еднаш стана татко откога го доби седмото дете со Хилари Болдвин минатата недела, а ова го наведе да сподели емотивен текст со следбениците, во кој ги опишува чувствата што го следеле изминатава година.

 

Срцето ми беше скршено илјада пати минатата година и работите во мојот живот можеби никогаш нема да бидат исти. Многу промени доаѓаат, но моето семејство ме одржи во живот. Тие се мојата причина за живот, напиша актерот.

 

Алек наскоро може да се соочи со кривична пријава поради случајното убиство на сетот, кога испука со пиштолот кој не требало да содржи муниција и ја застрела и уби снимателката Халин Хачинс. Семејството на починатата жена поднесе тужба против Алек два месеца подоцна.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma