Алек Болдвин го очекува своето осмо дете, а седмото со сопругата Хилари. Сега открија зошто тој и неговата бремена сопруга Хилари Болдвин имаат толку големо семејство.
„Луѓето коментираат колку деца имаме и прашуваат зошто“, напиша 64-годишниот актер на Инстаграм во неделата. „Еве зошто“, продолжи тој. „Она што ми е најважно во животот се овие луѓе“, пренесува „Page Six“.
На социјалните мрежи Хилари (38) на своите најмали деца им подари шишиња млеко откако ги облече Едуардо и Лусија во кутрешки комбинезони. Облеката за најмалите беше комплетирана со уши и опашки.
Некои деца сакаат да бидат суперхерои и членови на кралското семејство, моите бебиња сакаат да бидат кученца затоа што се големи обожаватели на животни“, напиша Хилари на својот профил. „Така се облекуваа синоќа“, додала таа.
Двојката ги има и Кармен (8), Рафаел (7), Леонардо (5) и Ромео (4). Во март објавија дека ќе добијат девојче.
„По многу подеми и падови во изминатите неколку години, имаме возбудлив подем и големо изненадување: уште еден Балдвинито доаѓа оваа есен“, напиша Хиларија на Инстаграм на крајот на март.
„Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно и повеќе од среќни сме со ова изненадување“, продолжи таа. „Нашето ново бебе е светла точка во нашите животи“.
Следниот месец Алек објасни зошто продолжуваат да го прошируваат своето семејство.
„Луѓето прашуваат зошто“, напиша актерот кого светот во последниве месеци најмногу го поврзува со убиството на снимателот Халина Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“, наместо со неговите достигнувања во кариерата.
“Затоа. Да се биде родител е крајното патување”.
Алек и Хилари се венчаа во јуни 2012 година, 10 години откако тој се разведе од поранешната сопруга Ким Бесинџер.
Тој и поранешната манекенка (68) ја имаат ќерката Ајрланд (26), а Хилари со години зборува за силната врска со нејзината поќерка.
„Никогаш не се обидов да бидам нејзина мајка. Мислам дека тоа е навистина важно… Ние сме како пријатели“, рече таа еднаш.