Ал Пачино ФАТЕН СО ДЕВОЈКА: Раскина со бившата поради разликата во годините, а сега ЗАВЕДЕ уште помлада (ФОТО)

popara12 април, 20221min00
Tan2020-2-2_214923239_0-2048x1365

Новата девојка е 53 години помлада од него

Осумдесет и едногодишниот Ал Пачино со својот пример докажа дека годините се само бројка и дека никогаш не е доцна за романтични врски, бидејќи е фатен со новата, 53 години помлада телевизиска продуцентка Нура Алфала.

Имено, папараците го снимиле Ал Пачино како ја изведува 28-годишната Нур во италијански ресторан во Венис Бич, а двајцата биле облечени во црно од глава до пети.

За оваа пригода атрактивната бринета избра тесни хеланки, чизми на високи потпетици и ролка со детали од тантела.

Сето ова немаше да биде спорно доколку Пачино на крајот на 2020 година не ја раскинеше врската со четири децении помладата Мајтан Дохан, а како причина ја наведе големата разлика во годините. Се чини дека холивудскиот актер им се вратил на старите навики, а сега има уште помлада девојка.

Судејќи по љубовното минато, Нур е слаба на постари мажи, бидејќи претходно беше во врска со Мик Џегер (71) со кој раскина во 2017 година, а ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91).

Во продолжение погледнете како изгледа новата, 53 години помлада избраничка на Ал Пачино.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma