АМБЕР ХЕРД НЕ МОЖЕ ДА ГО ОСТАВИ ЏОНИ ДЕП НА МИР! Актерката не се откажува – поднела ЖАЛБА од 16 точки

popara14 октомври, 20221min00
569758_a3_f

Актерката Амбер Херд, која го загуби судскиот спор во Вирџинија против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, не се откажува, па поднесе жалба од 16 точки.

Имено, нејзините адвокати сметаат дека немало доволно јасни докази за зла намера, што е еден од условите што мора да се исполнат за некој да биде осуден за клевета.

Судот, исто така, му одреди на Деп да и плати на Херд два милиони долари, исто така за клевета, а Херд и нејзиниот правен тим се жалат дека отштетата е „неприфатливо недоследна“. Тие се жалат и на локацијата на судењето, за кое сметаат дека требало да се одржи на посоодветна локација од Ферфакс, Флорида.

Тимот на Деп сакаше судењето да се одржи таму бидејќи таму е отпечатен весникот „Вашингтон пост“, во кој Херд изнесе наводи за злоупотреба.

Главниот дел од жалбата е дека правниот тим на Амбер Херд смета дека судот згрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа на некои претходни изјави на Амбер Херд.

Тврдат дека требало да и се суди само поради споменатиот напис во Вашингтон пост, каде Херд не го спомнал Деп по име, па сметаат дека немало основа тој да го добие случајот на суд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma