Јавноста будно го следи судскиот спор помеѓу Амбер Херд и Џони Деп, а сега конечно го знаеме и крајниот резултат – поротата пресуди во корист на Деп.
Џони Деп го доби судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд и поротата пресуди дека актерката ќе треба да му плати оштета од 15 милиони долари.
Од друга страна, Џони Деп беше прогласен за виновен во една од трите точки, па тој ќе треба да ѝ исплати 2 милиони долари на Амбер.
Бидејќи судијата намалил дел од сумата што треба да ја добие Џони Деп и тој ќе треба да и даде 2 милиони долари на Амбер, на крај ќе му бидат исплатени 8,53 милиони долари.
58-годишниот актер не беше присутен на пресудата, но следеше во живо од Англија каде што престојува изминативе неколку денови. Амбер Херд беше присутна во судницата.
Додека траеше судењето, Џони Деп тврдеше дека бил физички малтретиран од Амбер, додека таа изјави дека трпела насилство од негова страна.