АНЏЕЛИНА ПОМИНАЛА НИЗ ПЕКОЛ И УШТЕ НЕ СЕ ОПОРАВИЛА: Имала само 35 килограми заради ретката болест!

popara5 јануари, 20221min00
Screenshot 2022-01-05 111905

Актерката Анџелина Џоли како одлична актерка блеска во светските успешни приказни, но малкумина знаат дека таа со години се бори со тешка болест.

Анџелина речиси цел живот ја носи титулата најубава, а за нејзината тежина која драстично паѓала постојано се пишувало. Нејзината забележлива слабост навестуваше дека актерката се бори со анорексија, а во еден момент од животот имала само 35 килограми.

Некои членови од нејзиното семејство умирале од рак, а нејзината мајка, баба и тетка се бореле со малигна болест. Имено, во 2013 година медиумите објавија дека Анџелина направила двојна мастектомија. Оваа процедура го објаснува отстранувањето на едната или двете дојки, целосно или делумно, за да се намали ризикот од рак.

Две години подоцна, актерката одлучила да ги отстрани и јајцеводите и јајниците и никогаш не се срамела да зборува за своите животни одлуки. За американскиот магазин „Тајм“ еднаш раскажала како се чувствувала во моментите кога нејзината мајка минувала низ процес на хемотерапија.

„Се сеќавам дека еднаш ја држев мајка ми за рака додека таа примаше терапија. Одеднаш нејзината рака стана виолетова и морав да трчам по медицинската сестра. Сега има нови начини да се идентификуваат најдобрите лекови за хемотерапија за секој пациент, што доведува до помалку несакани ефекти. Иако се уште е многу тешко за телото“, изјави актерката.

Актерката постојано истакнувала дека имала посебен однос со нејзината мајка која починала во 2007 година по долго и тешко боледување. Таа за магазинот призна:

„Ја изгубив мајка ми кога имав 30 години. Сега, гледајќи наназад, сфаќам колку нејзината смрт ме промени. Тоа не беше брз процес. Постепено, од година во година, почнав да се менувам. Да ја изгубиш љубовта на мајка ти е како да кршиш нечија заштитна обвивка. Додека стоев во ходникот на болницата и чекав телото на мајка ми да биде однесено на кремирање, докторот ми рече дека ветил дека ќе ме извести за моите медицински опции“, рече таа.

Angelina Jolie je izgubila majku kad je imala 30 godina

Најмногу здравствени проблеми имала кога имала криза во бракот со Пит. Бурните времиња и распадот на бракот придонесоа за слабеење на здравјето на холивудската актерка. Се повеќе се зборуваше за драстичното слабеење и нејзиниот изглед.

Американските медиуми пишуваа дека актерката има само 35 килограми, а еден од нејзините лекари тогаш рекол дека таа едвај функционира.

„Речиси нема поткожно масно ткиво на рацете. Нејзините образи немаат сало, што е многу вознемирувачко“, објасни тој.

Во текот на 2017 година, Џоли откри дека трауматичните настани од минатото, како што се комплицираните односи со нејзиниот татко, смртта на нејзината мајка, а потоа и неуспешните врски, довеле до развој на ретка болест.

Angelina Jolie na crvenom tepihu

Белова парализа е ретка невролошка состојба која предизвикува мускулна слабост. Тоа е состојба која доведува до парализа на фацијалниот и периферниот нерв, што е важно за изразите на лицето. Оваа состојба може да доведе до спуштени веѓи, неможност за затворање на очите и слично.

Анџелина ги развила симптомите на болеста и признала дека акупунктурата влијае на нејзиното здравје. Но, за среќа, актерката сега сè помалку ги чувствува симптомите на оваа болест.

Покрај Анџелина, со болеста се борат и Силвестер Сталоне, Кејти Холмс, Џорџ Клуни и Пирс Броснан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma