![Screenshot_8](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/11/Screenshot_8-13.png)
Може ефикасно да замени многу скапи препарати
Својствата на маслото од арган се препознаваат во одржувањето на здрава и бујна коса, но малку е познато дека е одличен сојузник и во негата на кожата на лицето.
Ова растение потекнува од Мароко, каде жените со векови го користеле како природен препарат за лице. Многумина го нарекуваат еликсир на младоста бидејќи содржи витамин Е, антиоксиданси, есенцијални масни киселини. Сите овие состојки исклучително ја негуваат кожата и ѝовозможуваат да изгледа мазно, сјајно и младешко.
Тој е одличен избор за навлажнување на кожата, а ефикасно штити од слободните радикали и штетните материи од околината, кои се едни од најголемите причинители за појава на брчки на лицето.
Совршено ја одржува еластичноста на кожата, а многу експерти го сметаат за сојузник во борбата против егземата, псоријазата и проблемите со акните. Аргановото масло може да го балансира производството на себум.