АРИСТОКРАТКАТА ВО ТЕКСАС ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ: Внуката на Грејс Кели го украде целото внимание на ревијата на Шанел!

popara16 мај, 20221min00
278891_profimedia0688864755_ls

Пред неколку дена убавата внука на Грејс Кели како амбасадорка на модната куќа Шанел со своето присуство го збогати модниот настан. Имено, модната куќа Шанел секоја година во ова време организира модна ревија во Монте Карло и ја претставува својата, можеби најпродавана колекција на годината, наречена Сruise.

И овој пат гостите на овој престижен настан не пропуштија да ги погледнат новите модели за наредната сезона, па покрај нејзината мајка Каролина од Монако и Шарлот блесна во тексас аутфит со потписот на престижниот бренд.

Šarlot Kaziragi

Убавата аристократка се појави во ватирани сини фармерки и тексас јакни од новата колекција, а сето тоа го украси со чанта од истиот материјал. Таа ја извитка косата во светли бранови, речиси во ретро стил, а дополнително ги истакна усните со црвен кармин.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната принцеза?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma