Армани ги откажа модните ревии во Милано и Париз: „Безбедноста е на прво место“

popara5 јануари, 20221min00
profimedia-0500659050-830x0

Креаторот ја донел оваа одлука поради зголемениот број случаи на инфекција со корона вирус

Италијанската модна куќа Џорџо Армани ги откажа модните ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците, посетителите и персоналот, како и поради зголемениот број случаи на заразени со новиот сој на корона вирусот во Европа.

Машките ревии требаше да се одржат на Неделата на висока мода во француската престолнина и на модната недела во Милано, кои се планирани за овој месец.

Армани одлучи да ги откаже и машките есенски и зимски шоуа 2022/23 за брендовите „Emporio Armani“ и „Giorgio Armani“, како и ревиите на кои требаше да биде претставена годинешната колекција на брендот „Giorgio Armani Prive“ за пролет и лето.

Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но посочува дека тие се донесени поради влошувањето на состојбата со корона вирусот.

– Модните ревии се многу важни и незаменливи за претставување на нови колекции – изјави основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани (87), но истакна дека безбедноста на вработените и посетителите е приоритет на неговата модна компанија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma