Подгответе млади компири за ручек. Уште кога ќе додадете печурки, вкусот ќе биде фантастичен
Состојки:
1,5 кг млади компири
200 гр печурки
две лажици путер
магдонос
сол, бибер
маслиново масло
Подготовка:
Младите компири измијте ги и исечете ги на четвртинки.
Добро измијте ги печурките и пропржете ги на путер. Во сад измешајте ситно сечкан магдонос, сол, бибер и маслиново масло.
Додадете ги младите компири и сè убаво измешајте.
Ставете ги во огноотпорен сад, а преку нив пропржените печурки. Се пече околу 45 минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете со сезонска салата.
Пријатно јадење!