АРОМАТИЧНИ ЊОКИ СО СЛАНИНА! Секој залак е посебна приказна!

popara6 ноември, 20221min00
628061_njoke_f

За да направите вкусно јадење, потребни ви се само њоки, сланина, малку пармезан и уште неколку состојки кои ќе ја комплетираат целата атмосфера.

Доколку сакате брзо и вкусно јадење, ароматичните њоки со сланина се вистинскиот избор за вас.

Состојки:

400 гр њоки

лажица маслиново масло

две чешниња лук

250 гр сланина

оригано, мајчина душица

малку свеж магдонос

150 гр пармезан

сол, бибер

Подготовка:

Варете ги њоките во посолена зовриена вода додека не испливаат на површината, а потоа исцедете ги и оставете ги на страна. Во голема тава загрејте маслиново масло, додадете цели чешниња лук, па пржете минута-две, за лукот да ја ослободи аромата. Потоа извадете ги чешнињата и додадете ја сечканата сланина во тавата. Мешајте додека сланината не добие убава боја. Додадете ги исцедените њоки, мешајте уште три до четири минути, па посолете, побиберете и додадете мајчина душица, оригано и магдонос. Тргнете од оган и префрлете во соодветен сад. Одозгора ставете пармезан исечен на ленти и послужете веднаш.

Пријатно јадење!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag