Актерката Ања Тејлор-Џој синоќа се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот „Menu“ во кој игра една од главните улоги. Таа е позната по елегантните и предизвикувачки комбинации, а синоќа имавме можност да видиме нешто сосема поинакво.
Ања носеше кралско син латекс фустан на модната куќа Александар Меквин. Горниот дел од фустанот е изработен како корсет, а долниот дел е многу интересен бидејќи има многу карнери. Посебен шарм на креацијата ѝ дава фактот што едниот дел е подолг, а другиот пократок.
Актерката целата комбинација ја заокружи со ракавици кои се во иста боја и материјал како фустанот, а од едната страна стави дијамантска алка која одлично се совпаѓаше.
Модните експерти ја нарекоа жива барбика поради оваа облека и долгата руса коса, бидејќи навистина така изгледаше.
Ања носеше црни лакирани Лубутин потпетици кои ѝ дадоа посебна елеганција на целата комбинација.