БАБИН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКИ: Рецепт кој не се пропушта!

popara8 март, 20221min00
537805_xstock-photo-apple-pie-with-fresh-fruits-on-a-wooden-table-1801790884_f

Ова е најдобрата превртена пита со јаболка. Тестото е универзално, па можете да додадете какво било овошје и да добиете овошен колач… Уживајте!

Состојки:

100 гр брашно
75 гр шеќер
75 мл млеко
75 мл масло
една лажичка прашок за пециво
една лажичка цимет
ванилин шеќер
јајце
рендано јаболко плус 3 сечкани јаболка
30 гр путер
30 гр шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете хартија за печење и ставете парче путер на дното. Ставете го калапот во рерна минута или две за да се растопи путерот. За тоа време излупете 3 јаболка и исечете ги на осминки. Извадете го калапот, наросете го путерот со 2 лажици шеќер и наредете ги кришките јаболка. Вратете ја во рерна и печете 10-15 минути убаво да се карамелизира шеќерот. Измешајте брашно, шеќер, ванилин шеќер, прашок за пециво и цимет. Додадете млеко, масло, рендано јаболко и едно јајце. Извадете го калапот и со подготвената смеса прелијте ги јаболката. Вратете ја во рерна да се пече уште 25-30 минути. Извадете ја тортата од рерна, почекајте пет минути да се излади малку, покријте ја со поголема чинија и брзо свртете ја.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma