Водењето љубов како интимна активност, освен што ја задоволува страста, прави многу повеќе, пред се благодарение на хормоните кои се ослободуваат во тој момент…
Моќните хормони окситоцин и ендорфин кои се појавуваат за време на водење љубов не само што се одговорни за тоа пријатно чувство, туку делуваат и како природни лекови за многу проблеми.
Бакнежите се посилни од кариесот
Бакнувањето го стимулира лачењето на плунка, што го олеснува чистењето на остатоците од храна меѓу забите и го намалува нивото на киселост во устата.
Прегратки против икање
Заборавете на задржувањето на здивот, силната прегратка е толку моќна што ќе ја компресира дијафрагмата и ќе го олесни досадното икање.
Главоболката е најлошиот изговор
Освен што го зголемува протокот на крв во мозокот, го стимулира производството на добри хормони и го намалува нивото на хормоните на стрес, водењето љубов има и релаксирачки ефект – идеален за мигрена и главоболки.
Сексот ги штити мозокот и меморијата
Исто како и вежбањето, интимноста ја подобрува циркулацијата и протокот на крв во мозокот, што резултира со поголемо чувство на будност, фокус и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест во староста.
Заборавете на депресијата
Водењето љубов го стимулира производството на окситоцин, хормон кој се ослободува и при вежбање, медитација и смеа. Така, ја намалува анксиозноста и ги ублажува симптомите на депресија.