БАЛСАМИРАЈТЕ за вашата убавина: Пробајте го овој домашен египетски балзам за подмладување и затегнување на лицето (РЕЦЕПТ)

popara26 август, 20221min00
35245_shutterstock-457370128_f

Египќанките и кралиците се капеле во млеко, а некои од денешните производи за шминкање биле создадени во нивните палати. Древниот Египет бил познат по убавите жени со совршено негувана кожа и убава и здрава коса.

Младешката, затегната и еластична кожа е сон на секоја жена, а древните египетски препарати го гарантираат токму тоа, што и е потребно на секоја жена. Ви пренесуваме рецепт за традиционален египетски мелем за нега на тело и лице, кој целосно ќе ја регенерира вашата кожа.

Иако во тоа време немале скапи препарати, креми и лосиони кои може да ги купи модерната жена, знаеле да си обезбедат помош од даровите на природата, грижа за која денешните жени можат само да сонуваат.

Состојки за подготовка на балсам од пчелин восок:

половина лажичка пчелин полен

1 лажичка мед

20 грама пчелин восок

2-3 капки тинктура од прополис,

70 милилитри масло по избор (маслиново, бадемово, кокосово, арганово)

неколку капки есенцијално масло по желба

Подготовка:

Во чиста тегла ставете го пчелиниот восок и прелијте го со масло. Оставете мала количина масло настрана.

Во длабок сад измешајте ги другите состојки. Измешајте ги така што ќе добиете густа паста.

Восокот и маслото загрејте ги да се стопат. Во претходно подготвената паста додадете го растопениот восок и маслото и добро изматете за да добиете кремаста паста. Вратете во теглата и вашиот мелем е подготвен за употреба!

Доколку ве мачи силниот мирис на мед и прополис, по желба можете да додадете неколку капки есенцијално масло.

Нанесете го препаратот пред спиење и наутро ќе ве пречека мека, нежна и хидрирана кожа. Затворете цврсто по секоја употреба и може да трае неколку месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma