Пилешко со фантастичен вкус што нема да ве остави рамнодушни
Овој рецепт ќе го воодушеви вашето непце!
Состојки:
500 гр пилешки батаци
три лажици сенф
лажица мед
слатка мелена пиперка
рузмарин
сол, бибер, зачини
Подготовка:
Промешајте ги солта, биберот, мелениот пипер, рузмаринот и зачини по вкус. Измијте ги батаците, исушете ги, па премачкајте ги со мешавина од сенф и мед. Вака подготвените батаци валкајте ги во смесата од зачини, па наредете ги во плех обложен со алуминиумска фолија. Печете во рерна на 200 степени околу 25-30 минути или додека батаците не добијат убава златна боја. Послужете додека е топло.
На здравје!