Доколку сте љубители на баунти, тогаш ве советуваме да го направите овој домашен, а диетален кој се прави од само четири состојки
Состојки:
2 банани
100 гр кокос
За глазура:
80 гр темно чоколадо
20 мл масло
Подготовка:
Чоколадото искршете го во сад, прелијте го со маслото и ставете го во микробранова печка да се растопи.
Изгмечете ги бананите, па измешајте ги со кокосот.
Со раце направете ја формата која ја сакате, потопете ја во стопената чоколада и оставете во фрижидер половина час.
Пријатно!