Бегајте без оглед на се! Четири сигурни знаци дека сте во токсична врска и треба веднаш да раскинете

popara1 декември, 20221min00
shutterstock_1156208659

Ваквото однесување не смеете да го толерирате

Без разлика на емоциите, во врската треба да поставите граници кои во никој случај нема да ги преминете.

Ако нешто ви пречи, време е добро да размислите и да одлучите што понатаму.

Психолозите издвојуваат четири знаци дека сте во врска со токсичен партнер:

Љубоморен е и премногу ве контролира

Многу жени ја мешаат љубомората со љубовта – „љубоморен е, ме сака“. Но, ако е неверојатно љубоморен, дали тоа значи дека ве сака повеќе? Таквото често скриено уверување им овозможува на жените да издржат непријатни и често насилни манифестации на љубомора. Прекумерната љубомора е заморна и вклучува постојано испрашување.

Премногу љубоморниот партнер постојано прашува каде сте биле и со кого, го проверува вашиот мобилен телефон и мејловите. Тој едноставно никогаш не ви верува, ви ја одзема приватноста и ве притиска да се однесувате на одреден начин, иако не му давате причини да биде љубоморен.

Посесивен е

Љубомората оди рака под рака со желбата да се поседува исклучиво саканата личност. Во секоја интимна врска сакаме да бидеме важни и посебни за другата половина. Во токсични врски, оваа желба добива екстремна форма. Партнерот не само што бара да се фокусирате на него и неговите потреби, тој е и љубоморен на времето и вниманието што им го посветувате на другите – пријателите или блиското семејство, па дури и на вашите сопствени интереси. Ако чувствувате дека се повеќе се изолирате од другите, се откажувате од добрите, задоволувачки контакти за да не го изнервирате вашиот сакан, ова е сигнал дека нешто не е во ред во оваа врска.

Влијае на вашата самодоверба

Најштетен тип на критика во врската е критикувањето на другата личност пред други. Во здрав однос меѓу две личности кои меѓусебно се почитуваат, не треба да има такви манифестации на недостаток на почит кон чувствата на другата страна. Критиката во отсуство на сведоци може да биде подеднакво штетна кога ни е упатена директно или преку повеќе прикриени пораки.

Тоа може да биде, на пример, фалење на начинот на кој се облекува колешката од работа и сугерирање „да можеш да си купиш некое вакво парче“. Најважно е, сепак, што критиките се чести и систематски, а тоа долгорочно покажува намалување на самодовербата и деструктивно делува на психата.

Брзо се навредува и ги обвинувате сите други (особено вас)

Партнерот со склоност кон незадоволство ја носи лутината кон другиот долго време, се мурти, се навредува. Често казнува со долготрајно молчење за, како што смета, големи престапи, а бидејќи е пречувствителен кон себе, многу работи можат да го навредат.

Таквата личност не е способна секојдневно да ги решава конфликтите и да ги надминува, бидејќи никогаш вистински не признава вина и вината ја бара кај другата личност. Тешко е да се изгради среќен однос со некој кој за време на расправија не е во состојба да го слуша и прифати вашето гледиште или да ја земе предвид можноста дека може да греши во своите проценки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma