
Користете го методот што најмногу ви одговара
Колку пати сте се разбудиле со отечено лице во текот на летото? Причините за отекување на лицето се многубројни, а често се поврзани и со здравствени проблеми.
Можни причини се дехидрација, но и задржување на водата во лицето, поради што треба да се консултирате со лекар. Фацијалистката Кетрин Мекензи Патерсон ги открива најчестите причини за отекување на лицето.
– Покрај солта и алкохолот, тука спаѓаат и бавниот лимфен систем, недостатокот на сон и конгестија – особено во летните месеци кога алергиите доаѓаат до израз – објаснува таа.
Експертот за кожа Јасмина Вико препорачува прво да се утврди причината за надуеноста, за да не се повтори.
– Дали е преработена храна, консумирање алкохол, алергии или мувла и влага во вашата околина? – вели таа.
Сепак, постојат неколку начини на кои можете да се ослободите од овој непријатен оток без да одите во салон.

- Започнете со масажа
Освен што имаат релаксирачки ефект, широките масажни движења на вашето лице можат да помогнат во стимулирање на лимфниот проток и отстранување на надуеноста од лицето, објаснува Кетрин. Иако секогаш е најдобро решение да го направите тоа професионално, можете да го направите и сами дома.
– Фокусирајте се на масирање на лимфните јазли на лицето пред и зад увото, и околу линијата на вилицата и надолу по вратот до клучната коска. Сакам да го правам ова со масло за масажа на лице за да го направам подобро искуство – изберете масло од лаванда што мириса прекрасно и помага да се зацврсти кожата – вели таа.
- Спијте на грб
Задржувањето на течности во текот на ноќта е нормално, но ако обично се будите со ултра отечено лице, можеби ќе треба да ја преиспитате вашата положба за спиење. Избегнувајте да спиете на стомак и држете ја главата на малку подигната перница за да овозможите течностите полесно да циркулираат ноќе. Исто така, важно е температурата во просторијата да биде околу 18 степени.

- Обидете се со криотерапија
Направете мешавина од коцки мраз, ладна вода и краставица и нанесете ја на лицето. Ќе го намали отокот и ќе ја затегне кожата.
Можеби ова е екстремен метод, но експертите предлагаат додека се миете да користите ледена вода или коцки мраз направени од нане, камилица или зелен чај.
Криотерапијата е одличен начин за намалување на отеченоста на лицето, отокот и подочниците, бидејќи обезбедува ладен шок, кој испраќа регенеративен проток на свежа крв во областа. Овој проток на крв е богат со кислород и хранливи материи, што го стимулира метаболизмот на кожата, а истовремено ги исфрла токсините и го намалува задржувањето на водата. Студот ги затегнува и мускулите, создавајќи подигнат и цврст изглед.
- Хидрирајте се
Запрете го отокот со постојано одржување на нивото на хидратација. Пиењето многу вода е неопходно во текот на целата година, но особено е важно во лето, кога температурите растат. Ставете малку келтска сол во водата за да му помогнете на вашето тело подобро да ја апсорбира, за оптимална хидратација.