Состојки:
500 гр компири
2 моркови
1 лажица ориз
сол
бибер
сув зачин
1 домат
копар
Ловоров лист
лажица брашно
магдонос
Подготовка:
Најпрво треба се ситно да исечкате на парчиња и потоа да го ставите во поголемо тенџере кое ќе го покриете со вода. Потоа треба да додадете една лажица ориз, па бибер, ловоров лист, копар и малку сол.
Потоа сварете ја супата и по потреба додајте вода, а потоа кога се ќе омекне, време е да ја додадете смесата во чорбата која ќе ја направите така што ќе го промешате брашното во ладна вода и ќе го додадете на состојките што се варат.
Гответе додека не се згусне чорбата, а потоа додадете суви зачини, уште малку сол, копар и магдонос.
Пријатно!