Без квасец, брза и супер вкусна: Врвна македонска погача со сирење (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara9 јули, 20221min00
Baka-4

Подготовката е многу едноставна, дури и за почетници

Нема ништо поубаво од топла домашна погача, свежо излезена од рерна.

Ви предлагаме едноставна и супер вкусна погача со сирење.

Дури и почетниците нема да имаат проблеми со подготовката.

Пробајте и сигурни сме дека ќе ја правите често!

Состојки:

4 јајца

300 грама брашно

1 прашок за пециво, сол

70 мл масло

250 гр сирење

200 гр кисело млеко

Подготовка:

Се матат јајцата, се додава просеаното брашно со прашокот за пециво, солта, маслото, сирењето и киселото млеко.

Добро соединете. Обложете ја тавата со хартија за печење, истурете ја смесата и израмнете.

Се пече на 200 степени околу 50 минути.

Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma