Без печење: Рецепт за чизкејк кој е создаден за да се јаде со џин-тоник… или во која било друга прилика!

popara13 април, 20221min00
62214567-chessecake-cheesecake-s-dzin-tonikom

Одличен рецепт за чизкејк за прослави или обичен ден кога би сакале десерт кој лесно се подготвува.

Состојки:

200 g чајни колачиња
100 гр путер
500 гр крем сирење
25 гр шеќер во прав
50 мл џин
1 лажичка исцеден сок од лимета (или лимон).
кора од 1 лимета (или лимон)
100 гр бело чоколадо
300 мл шлаг

Подготовка:

1. Скршете ги чајните бисквити во миксер или со сукало додека не добиете прашок.

2. Трошките од бисквит измешајте ги со стопениот путер. Смесата притиснете ја во калап за колачи со дијаметар од 20 сантиметри и ставете ја во фрижидер да се стегне.

3. Во поголем сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, џинот, исцедениот сок од лимета и ренданата кора додека не се изедначи.

4. На пареа растопете ја белата чоколада и оставете ја малку да се излади (околу 2 минути) пред да ја измешате со смесата со сирење.

5. Во посебен сад изматете го шлагот и нежно измешајте го во смесата со сирење и бело чоколадо.

6. Истурете ја смесата врз базата за бисквити и вратете ја во фрижидер да се излади најмалку шест часа, идеално преку ноќ.

7. Послужете со вашиот омилен коктел. На здравје и со среќа!