Без сомнение: Ова се сигналите кои покажуваат дека сигурно му се допаѓате!

popara3 јануари, 20221min00
Screenshot_5

Доколку сакате да дознаете дали на некого му се допаѓате или не, нема потреба да се распрашувате наоколу или да нагаѓате.

 

 

Доволно е само малку повнимателно да го набљудувате говорот на телото. А говорот на телото открива многу повеќе од зборовите. Овие 6 знаци покажуваат кога на некого навистина му се допаѓате:

 

  1. Поминува со рака низ косата

 

На тој начин мажите обично сакаат да влеат доверба, но овој потег е карактеристичен и за жените.

 

  1. Ги става рацете во близина на половината

 

Кога ги става рацете на половината или во џеб, мажот се обидува да ја демонстрира својата снажност. Истото го прави и кога седнува со раширени нозе.

 

  1. Се обидува да заземе што поголем простор

 

Оваа техника на “чепатење” е позната и во животинскиот свет. Како што на пример птиците ги шират своите перја, мажите го прават истото кога “се растегнуваат” за да изгледаат поголеми.

 

  1. Зборува повеќе од обично

 

Доколку станува позборлив кога ќе се појавите, тоа е знак дека се обидува да го привлече вашето внимание.

 

  1. Ги имитира вашите потези

 

Ова значи дека вистински се обидува да ве разбере и да пронајде нешто што ви е заедничко. Оваа техника се нарекува “огледало”.

 

  1. Возбудена реакција

 

Доколку навистина му се допаѓате, изразот на неговото лице ќе биде насмевнат и пријателски, па дури може да му се зацрвени лицето ако е нервозен во ваше присуство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma