Без хемикалии: исчистете ја вратата од туш кабината од бигор со само една кујнска состојка

popara26 ноември, 20221min00
Screenshot_3

Понекогаш едноставно не помагаат сите средства за чистење што може да ги набавите во супермаркет.

 

 

Особено кога станува збор за чистење стакло – во многу случаи остануваат бели траги или стаклото нема сјај.

 

Најтешко за чистење убедливо е стаклото на туш кабината во бањата каде често се собираат наслаги бигор.

 

 

 

Затоа, пробајте го ова домашно средство за чистење стакло до чија формула дојдоа вредните домаќинки.

 

Состојките што ви се потребни најверојатно веќе ги имате дома, па ова средство освен што е ефикасно, е и економично.

 

Потребните состојки се:

 

  • 2 чаши вода
  • ¼ чаша алкохолен оцет
  • ½ лажичка средство за миење садови

 

Сите состојки внимателно измешајте ги за да не се направи сапуница од средството за садови. Течноста нанесете ја на стаклото и избришете со кујнски хартиени бришачи.

 

Ова средство е идеално за чистење на стаклото од туш кабината бидејќи ќе ги отстрани сите траги од бигор и ќе му даде сјај на стаклото.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag