Викторија Бекам е позната како стилска икона, но не може да се пофали со успехот на нејзиниот моден бренд, кој го започна со својот сопруг Дејвид Бекам.
Имено, нивниот моден бренд не ги исполнува очекувањата, а според „The Mirror“, наталожените долгови достигнале 64 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од минатогодишните долгови.
Деловниот неуспех не се случи преку ноќ, нивната компанија имаше 18,4 милиони долари долг во 2019 година и 7,8 милиони долари во 2020 година.
Бекамови секогаш победуваат
И покрај вознемирувачките бројки, славната двојка сè уште остварува голема заработка. Во 2020 година Бекамови оствариле профит од 13,7 милиони евра, седум пати повеќе од минатата година.
Според изворот на „The Mirror“, причината за неуспехот на бизнисот е пандемијата на коронавирусот која нанела значителна финансиска штета на модната индустрија.
Семејни проблеми
Неуспехот на модниот бренд наводно е поврзан и со нестабилната врска во семејството, поточно онаа помеѓу Викторија и нејзиниот син Бруклин. Нивната врска е нарушена поради сопругата на Бруклин, Никола, која Викторија наводно не може да ја поднесе.