Белата е нејзин избор за важниот ден: Џенифер Лопез го прослави Денот на мајката со ќерката Ема

popara10 мај, 20221min00
jennifer-lopez-01-830x0

Уште од 1914 година, кога претседателот Вудро Вилсон потпиша резолуција со која Денот на мајката се прогласува за официјален празник во САД, многу мајки го поминуваат овој ден со своите најблиски. Така Џенифер Лопез беше во друштво на својата ќерка Ема за празникот.

Латино ѕвездата избра бела, многу ефикасна комбинација на облека за празничното дружење. Долго бело широко здолниште, бела кошула навлечена во неа која дава ефект на фустан и црн ремен беа модните избори на Џенифер Лопез. Над сето тоа искомбинирала светол, плетен кардиган.

Косата собрана во реп и масивните наочари во златна нијанса дополнително ја истакнаа модната комбинација на пејачката која блеска особено откако е вљубена во актерот Бен Афлек.

Четиринаесет годишната Ема, позната по своите лежерни комбинации на облека, и овој пат остана доследна на својот стил.

За разлика од нејзината мајка, таа се одлучи за потемни, земјени тонови и комбинација од панталони и елек во слични нијанси.

На Ема и се придружила нејзината сестра Лесли Лопез, која исто така уживала во оброкот во познат ресторан во Малибу. Бидејќи таму не беа ниту Бен Афлек ниту синот на Џенифер Лопез, Максимилијан Дејвид, се чини дека овој ден беше резервиран само за женското друштво.

Џеј Ло уште еднаш покажа дека ѝ прилега тесно и широко, долго и кратко и дека секоја нејзина комбинација на облека е доволно елегантна и практична за секојдневен настан, дури и важен како Денот на мајката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag