Ким Кардашијан во интервју за магазинот „Allure“ откри дека подлегнала на сериозна диета за да го носи иконскиот фустан на Мерлин Монро на овогодинешната Мет Гала.
Ријалити ѕвездата и старлета тврди дека најчесто јаде растителна храна, но јадела месо поради своето дете. Поради промената на исхраната, вели, повторно добила хронично воспалително заболување на кожата, со кое со години има проблеми.
– Псоријазата ми изби по целото тело и добив псоријатичен артритис, па не можев да мрдам со рацете. Беше крајно болно и морав да одам на ревматолог кој ми даде стероиди. Бев целосно вознемирена – изјавила Ким.
Псоријазата е кожна болест која предизвикува осип со чешање, лушпести дамки, а најчесто се јавува на колената, лактите, трупот и скалпот.