Моделот и ТВ-лице Лорен Гуџер им откри на своите следбеници на Инстаграм дека починало нејзиното новородено девојче Лорена.
Манекенката и ТВ лице Лорен Гуџер на својот Инстаграм ја објави тажната вест дека починало нејзиното новороденче Лорена:
– Таа беше најубавото, најздравото бебе што сум го видела, исто како нејзината сестра. Зборовите не можат да опишат какво е чувството да се биде мајка која го изгубила своето бебе, кое го носев совршено сите овие месеци и го родив само за да ми го одземат мојот ангел. Немаше никакви компликации во бременоста или породувањето и беше добра и здрава, но сега нема да навлегувам во детали, само знам дека сѐ беше во ред со неа и со мене, таа беше совршена – рекла меѓу другото Лорен и додала:
– Јас сум скршена. Дојдов дома од болница. „Јас и Чарли поминавме толку многу време со нашата девојка Лорена и сѐ уште не сум се поздравила“, напишала манекенката, завршувајќи со зборовите:
– Никогаш нема да го преболам ова, но ќе научам како да живеам секој ден со Лорена во моето срце, таа секогаш ќе биде со мене и еден ден повторно ќе бидам со неа… Мојата Лорена, те сакам многу.
Погледнете ТУКА