БИЛИ АЈЛИШ прв пат со МОМЧЕТО на црвениот тепих! СЕ НАГРНАА со ЌЕБЕ! (ФОТО)

popara7 ноември, 20221min00
628517_bili1_f

Били Ајлиш и Џеси Радерфорд дебитираа на црвениот тепих позирајќи под џиновско Гучи ќебе…

Пејачката Били Ајлиш (20) и фронтменот на „The Neighborhood“, Џеси Радерфорд (31), дебитираа на црвениот тепих на саботниот настан „LACMA Art+Film Gala“, позирајќи им на фотографите во пижами на Гучи, гушнати под џиновско ќебе од истоимениот моден бренд.

Двојката наизменично се криеше под покривката и го спушташе ќебето за да ги открјат нивните фирмирани комбинации за добра ноќ.

Ајлиш носеше ноќница без ракави украсена со тантела во комбинација со наметка до подот, додека Радерфорд носеше идентична свилена кошула и панталони со лого. И двајцата имаа чевли од Гучи, додека пејачката својот изглед го комплетираше со маска за спиење.

Нивното појавување на црвениот тепих дојде неколку дена откако пејачката на својата официјална страница на Инстаграм потврди дека се заедно.

Били Ајлиш и Џеси Радерфорд беа видени заедно неколку пати во текот на изминатиот месец.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma