БИРАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО Дали свилените навлаки за перница навистина влијаат на брчките?

popara22 мај, 20221min00
Screenshot 2022-05-22 185602

Свилените навлаки стануваат сè попопуларни

Добриот сон позитивно влијае на нашето тело, ги намалува темните кругови и на тој начин се чувствуваме посвежо.

Се прашуваме што би можело уште повеќе да придонесе за ова и да работи во наша корист додека спиеме?

Во последно време се почесто се зборува за свилените навлаки и нивното големо влијание на лицето. Дали е тоа навистина така?

Свилените навлаки ги спречуваат брчките?

Одговорот е дека тие позитивно влијаат на создавањето на брчките, односно можат да го намалат нивното појавување.

– Мазната површина со многу мало триење значи помалку затегнување на кожата отколку со традиционалната памучна навлака. Добиваме „згмечени брчки“ ако спиеме на страна или на лице, па може да добиеме помалку кога спиеме на свила – вели Нил Шулц, дерматолог од Њујорк, пишува „Good Housekeeping“.

Истражувањата покажуваат дека триењето од вртење може да предизвика брчки на кожата, но свилената мазна површина работи за да го намали тој ефект на долг рок.

Свилените навлаки и косата?

Благодарение на мазната текстура на свилата, косата се лизга по неа без триење, што значи дека помала е веројатноста да се разбудите со заплеткана коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma