Бијонсе како Ким Кардашијан: Го „сруши“ интернетот со фотографија на коњ, атрибутите покриени со дијаманти

popara1 јули, 20221min00
bijonse-kim-830x0

– Луѓе, дали е ова Ким – е еден од коментарите

Светската поп икона Бијонсе вчера ги изненади своите следбеници со фотографија на која позира речиси гола, што ќе биде уметничка фотографија која ќе го краси нејзиниот седми студиски албум.

Бијонсе позираше на коњ речиси гола, а интимните делови ги прекрила со појас обложен со дијаманти.

Во преден план секако беа нејзините завидни атрибути, а на прв поглед потсетува на Ким Кардашијан.

„Луѓе, дали е оваа Ким“, „Какви атрибути, кралицата ги покри со дијаманти“, „Брутална си Ким“, се дел од коментарите.

Таа им се обрати на своите следбеници во објава под фотографијата.

– Создавањето на овој албум ми овозможи место да сонувам и да најдам бегство во ужасните времиња за светот. Ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристички во време кога ништо друго не се движеше“, напиша таа. „Мојата намера беше да создадам безбедно место, место без осудување. Место каде што ќе бидам ослободена од перфекционизам и премногу размислување. Место за врескање, ослободување, чувствување слободно. Тоа беше прекрасно патување за истражување. Се надевам дека ќе најдете радост во оваа музика. Се надевам дека ќе ве инспирира да се движите. Ха! И да се чувствувате уникатно, силно и секси како што сте“.