Блеснете за крајот на зимата: Направете сами ОВОШНА МАСКА (РЕЦЕПТ)

popara30 јануари, 20221min00
c38b173a33786aa507026e4c889b15b1b17b3729

Овошјето е полно со витамини, минерали и сите потребни хранливи материи кои се неопходни не само за благосостојбата на нашето тело, туку и за убава, чиста и сјајна кожа. Овошните третмани за лице ја стимулираат кожата со природни состојки.

Овошната маска можете да ја направите сами во кујната.

Ја пробавме онаа со банана, па ви го пренесуваме рецептот. Бананата содржи витамин Б6, витамин Ц, силициум диоксид, калиум и други хранливи материи кои се од витално значење за еластичноста и интегритетот на кожата. Може да помогне да се отстрани хиперпигментацијата и да се заштити кожата од оштетување на сонцето. Тоа е совршена состојка за сува и чувствителна кожа.

Состојки:

½ банана

½ лажичка мед

1 лажичка сок од лимон

Подготовка:

Изгмечете ја бананата и додадете ги медот и сокот од лимон. Добро промешајте и нанесете на чиста кожа. Оставете да делува околу 20 минути, а потоа исплакнете.

Забелешка:

Ако имате екстремно сува кожа, избегнувајте го лимонот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma