Потребна ви е само една работа од бањата
Новогодишната ноќ е се поблиску, а многу дами размислуваат што да облечат за најлудата ноќ. Покрај облеката важна е и шминката. Ако сакате целосно да блеснете, можете да употребите мал трик.
Пред да почнете да ја нанесувате основата за шминка, измасирајте ги усните со четка за заби со кружни движења. На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата и ќе направите вашите усни да изгледаат полни и поголеми.
Единственото нешто на што треба да обрнете внимание е силата на движењето. Бидејќи кожата на усните е чувствителна, избегнувајте силен притисок. Исто така, по оваа мини-масажа нанесете балзам за усни.