БОСИЛЕК ЗА ПОУБАВО ЛИЦЕ! Овој зачин е добар во борбата против акни, црвенилото, смирување на кожата и подобрување на циркулацијата

popara13 декември, 20221min00
504372_xstock-photo-mortar-with-aromatic-kitchen-herbs-on-wooden-table-292843331_f

За нега на лицето, за да ја одржуваат кожата мека и чиста, многу дами прибегнуваат кон природна козметика. Иако ваквите пилинзи, маски и креми направени од лековити растенија одгледувани дома бараат повеќе време и трпение, овој метод на нега добива сè поголема популарност.

Еве како можете да го искористите босилекот.

Тоник за лице

За да направите тоник за лице, потребни ви се грст свежи листови босилек и две шолји или 250 мл вода. Во зовриена вода ставете ги листовите босилек и оставете ги да се варат 10 до 20 минути. Тргнете го садот од шпорет, процедете и оставете да се излади. Нанесувајте го тонерот на чисто лице два пати на ден. Можете да го ставите во шише со распрскувач, да го испрскате на лицето и да го оставите природно да се исуши за кожата да го впие. Чувајте го во фрижидер до седум дена.

Маска

Потребни ви се 20 до 30 листови свеж босилек, обичен јогурт и дестилирана вода. Босилекот ќе ослободи чисто масло ако го изгмечите со дрвена лажица. Ова масло има антибактериско дејство и затоа е добро против акните. Изгмечениот босилек со малку вода може да го користите како средство за чистење на лицето. Нанесете на лицето, оставете три до пет минути, а потоа измијте со млака вода. Повторувајте секој втор ден. А што се однесува до маската против акни – нанесете паста од изгмечен босилек и една лажичка јогурт на лицето и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте.

Против митесери

Босилекот е познат и по својата способност да ги ублажува митесерите. Намокрете два големи листови босилек, ставете ги на носот и држете ги така пет минути. Отстранете ги и измијте го лицето со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma