Израстокот се појавува приближно две недели по бојадисување на косата. Повеќето дами веднаш прибегнуваат кон повторно фарбање, што може многу лошо да влијае на влакното.
Наместо тоа, постојат два едноставни трикови со кои можете да го скриете израстокот и на тој начин да го одложите фарбањето за некое време.
Кој трик ќе го изберете зависи само од бојата на вашата коса.
Посветол израсток
Ако сте ја бојадисале косата во нијанса потемна од вашата природна, тогаш може да ви помогне сенката за очи, колку што е можно послична на бојата на вашата бојадисана коса. Со широка четка нанесете ја сенката на темето и покријте го израстокот на некое време.
Потемен израсток
Доколку, пак, сте ја бојадисале косата во нијанса посветла од природната, бебешката пудра може да ви биде од помош. Покрај пудрата, добро решение може да биде и сувиот шампон. Како и во претходниот случај, нанесете ја супстанцијата на косата со широка четка, како четка за руменило.
Дополнителен совет
Можете да најдете и специјални препарати за прикривање на израсток во форма на спреј, или слични на маскара. Се произведуваат во различни нијанси, а го покриваат израстокот до следното миење на косата.