Британскиот принц Хари и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл изнесоа нови критики на сметка на британското кралско семејство во новите епизоди од документарниот серијал посветен на оваа двојка на Netflix објавени во четвртокот, обвинувајќи дека постариот брат принцот престолонаследник Вилијам дека е дел од медиумските напади врз нив.
Вилијам врескал на него кога разговарал за напуштањето на своите официјални кралски должности пред речиси три години, вели Хари во серијата додавајќи и дека верува оти медиумите се одговорни за тоа што неговата сопруга Меган имала спонтан абортус.
Во првите епизоди објавени минатата седмица, членовите на британското кралско семејство главно беа поштедени. Но во последните три епизоди Хари тврди дека неговото семејство не само што не го спречило негативното известување за двојката во медиумите, туку и дека активно го поттикнувало.
„Тоа е валкана игра. Има истекувања, но има и подметнувања на приказни. Значи доколку тимот за комуникации (со медиумите( сака да отстрани негативна приказна за некого, ќе се тргува и ќе даде нешто за друга личност“, тврди Хари.
Вели и дека тој и постариот брат Вилијам виделе што се случило со кабинетот на нивниот татко, сега кралот Чарлс Трети, и се согласиле тоа никогаш повеќе да не се повтори.
„Попрво би бил уништен во печатот отколку да ја играм таа игра или да тргувам. Да се види како кабинетот на мојот брат ја копира истата работа за којашто ветивме дека ние двајцата никогаш нема да го направиме, тоа го скрши срцето“, рече Хари.
Војводата и војвотката од Сасекс, како што гласи официјалната титула на Хари и Меган, се повлекоа од кралските должности во март 2020 година, велејќи дека сакаат да започнат нов живот во САД далеку од медиумските вознемирувања, за кои двојката рече дека се заканувал со уништување на нивното ментално здравје.
Хари раскажа и за поединости од кризниот состанок на семејството одржан на имотот во Сандрингем, на кој учествувал заедно со баба му покојната кралица Елизабета Втора, татко му сегашниот крал Чарлс Трети и брат му принцот престолонаследник Вилијам.
„Беше застрашувачки да се има брат кои викаше и врескаше на мене, мојот татко зборуваше работи кои едноставно не беа вистинити, мојата баба тивко седеше и сето тоа го прифаќаше“, рече Хари.
И Бакингемскиот дворец, кабинетот на кралот, и Кенсингтонскиот дворец, кабинет на принцот престолонаследник, соопштија дека нема да го коментираат документарниот серијал.
Покрај тоа, за британските медиуми, извор близок на кралското семејство рекол дека ниту дворецот нито претставниците за медиумите на Вилијам или, пак, други членови на кралското семејство не биле контактирани за коментар во самата серија, што е во спротивност со соопштението на Netflix во кое се наведува дека да одбиле да коментираат.
Епизодите се објавени само неколку часа пред кралот Чарлс Трети и неговата сопруга кралица Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон заедно со другите членови за кралското семејство, присуствува на литургијата во Вестминстерската опатија во Лондон, којашто исто така е посветена на покојната кралица којашто беше погребана во септември.
Во друга сцена од документарецот, двојката Хари и Меган е прикажана како разговара со поранешен соработник на Вилијам, кој пружил докази за успешна тужба против нарушувањето на приватноста којашто Меган ја покрена против весникот The Mail on Sunday поради објавувањето на писмата којашто му ги пишувала на нејзиниот оттуѓен татко.
Во својот исказ, пак, поранешниот помошник Џејсон Науф, кој исто така работел за двојката, сугерира дека Меган во тоа време била свесна дека писмото можело да дојде до медиумите.
„Тоа е твојот брат. Нема да кажам ништо за твојот брат, но толку е очигледно“, му рекла Меган на Хари.
Во серијата Netflix ја вклучил изјавата на претставникот на Науф, кој рекол дека тврдењата се „целосно лажни“.
Хари, исто така, вели дека верува дека стресот поради случајот со весникот бил причината Меган да го загуби нивното дете.
„Верувам дека мојата жена имаше спонтан абортус поради она што Mail го стори. Можам да кажам според она што го видов дека тоа се случи поради она што се обидуваа да ѝ го сторат“, вели Хари.
Од Netflix велат дека немало коментар од весникот The Mail on Sunday.
Британскиот печат ги обвинува Хари и Меган дека сакаат да заработат десетици милиони долари од Netflix и други извори, користејќи го својот кралски статус за постојани напади врз монархијата. Весниците, исто така, цитираа поранешни неименувани соработници на кралското семејство кои го оспорија наративот на двојката во документарците, велејќи дека во нивните искази имало неточности.
„Вистината е дека негативните приказни за Хари и Меган започнаа да истекуваат дури откако нивното однесување стана толку одвратно што беше невозможно да биде сокриено“, напипа Ребека Инглиш, уредничка на The Daily Mail.