Класичен колач кој им дава апсолутно задоволство на сите вистински љубители на чоколадото. Со додавање на бадеми (или лешници) задоволството е поголемо… Уживајте!
Состојки:
половина чаша омекнат путер
100 гр чоколадо за готвење
две поголеми јајца
чаша шеќер
лажичка екстракт од ванила
малку прашок за пециво
чаша брашно
чаша бадеми (или лешници)
Подготовка:
Чоколадото и путерот растопете ги на пареа за да добиете изедначена смеса, тргнете од оган, малку изладете, па додајте ги јајцата и шеќерот. Измешајте сè добро, а потоа измешајте ги ванилата, брашното, солта и прашокот за пециво. Потоа додадете крупно исечкани бадеми, добиената смеса истурете ја во намрсен плех, израмнете и печете во рерна на 180 степени 25-30 минути. Се сече на коцки, по желба се прелива со уште малку чоколадо, па се сервира.
Уживајте!