Брачен терапевт објаснува како да ја заштитиме врската од неверство: Еве каде ги правиме најчестите грешки

popara3 септември, 20221min00
Screenshot_12

И најдобрите врски и бракови поминуваат низ тешки периоди, но токму до нашите реакции во тие моменти зависи како и дали ќе опстои врската понатаму.

 

 

 

Има разни претпоставки за тоа зошто луѓето изневеруваат. Со оглед на тоа дека не се сите изневерувачи и изневерени подготвени да зборуваат за ова искуство, има повеќе претпоставки отколку познати вистински причини.

 

 

Дали има показатели кои предупредуваат дека сте или ќе бидете изневерени?

 

Кога бракот или врската поминуваат низ тежок период, подложни сме несвесно да се оддалечуваме. Некои се фокусираат на работата, на други активности, поминуваат време со пријателите, едноставно – отсуствуваат од домот.

 

Но, кога човек се чувствува запоставено, огорчено или одбиено од својот партнер, може да му биде привлечно да почне да флертува со други луѓе барајќи го вниманието кое повеќе не го добива во врската. Доколку не сме свесни дека се фаќаме во мрежа со желба за некоја друга личност, тоа може да нѐ доведе до емоционално и сексуално неверство.

 

Терапевтот Естер Перел од Белгија гостува во скандинавското токшоу Скавлан каде зборува токму за феноменот на изневерувањето, низ историјата па сѐ до денес и одговара на едно често поставувано прашање: Дали и како може да се заштитиме од неверство во врската?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag