Како да се извлечете од монотонија во односите и да дојдете до прекрасниот пат на љубовта?
Ако полека и сигурно тапкате во едноличноста на врската, го сакате својот маж, но едноставно не знаете како да се извлечете од неизбежната монотонија и губењето на интимноста – постојат неколку начини со кои повторно можете да ја возобновите Вашата љубов.
- Молчењето не е злато
Можеби на моменти имате чувство дека сте си кажале се еден на друг, но тоа сигурно не е така. Можеби сте ги кажале клишезираните фрази кои и се очекуваат од Вас или пак сте разговарале за секојдневните проблеми за кои се разбира не сте ни малку блиску. Честопати поттикнувајте разговори за Вас двајцата, за чувствата (но без срам) и не ги отргнувајте темите каде можете квалитетно да разменувате мислења по различни прашања без разлика дали имате исто или различно мислење. - Компромиси
Ако веќе одредено време се расправате и никако да дојдете до решение кое што ќе Ви одговара на двајцата, време е да воведете компромиси. Па не сте мали деца, разговарајте за тоа колку треба да попуштите за да дојдете до хармонија, договор и задоволство. Со време сигурно ќе дојдете до заклучок дека сте направиле мал компромис, а сте добиле големи задоволства. - Труд
Како што знаете, врската и бракот бараат труд и напор. Само во бајките, романтичните филмови и сапунски серии, сè е совршено, од почеток до крај работите функционираат без многу проблеми. Затоа затворете ја книгата со бајки, погледнете го својот маж и поработете на односот. Во еден момент или Вие или тој сте престанале да се трудите, а потоа и другата страна можеби поради разочарување исто така се откажала.
Лош потег на уште еден лош потег резултира со помалку летаргични и уморни односи. Вложете труд со разговор, мали знаци на внимание и разбирање.
4.Секс
По некое време сексот во врска повеќе не е толку интензивен и интересен, но сепак, треба да се практикува. Чувајте се себе си, негувајте се и поттикнувајте го Вашиот сакан на нови сексуални игри. Тоа повторно ќе Ве зближи на нови нивоа.
5.Напредок
Понекогаш до монотонија и прашањето – “Што јас правам во оваа врска”?, доаѓа затоа што воопшто и не се трудите да се развижите од една иста точка. Личностите, повеќето, имаат чувство на задоволство кога ќе си постават цели до кои доаѓаат, и после тоа си поставуваат нови. Истото е и со врската. Ако ништо не се менува Вие ќе имате чувство дека тоа е нешто лошо. Разговарајте со Вашиот партнер и поставите си некои заеднички цели, од планирање, одмори до купување на нов автомобил или дете. Ќе имате чувство дека сте во подобар пат.