БРЗИ ТЕСТЕНИНИ СО СЛАНИНА И ПАВЛАКА: Оброк за 30 минути, лесен за подготовка и одличен вкус! (РЕЦЕПТ)

popara19 јули, 20221min00
Screenshot_2

Многу е жешко, па најдобро е да готвите едноставни и брзи јадења, односно сѐ ќе биде готово за половина час, а сепак вкусно.

 

За овој рецепт можете да користите тестенини по ваш избор.

 

Состојки за 4 лица

 

  • 400 гр чили тестенини или некои со пиперка
  • 200 гр сува сланина
  • 200 гр шампињони
  • 500 мл крем за готвење
  • 40 гр рендан пармезан (1 кесичка)
  • 2-3 лажици масло
  • сол, бибер, лист од магдонос

 

Подготовка

 

Веднаш сипете вода во тенџерето и ставете го на оган.

 

Во длабока тава ставете ситно сечкана сланина и масло.

 

Сланината пропржете ја на средна температура, внимавајте да не изгори. Додадете ситно сечкани шампињони, неколку лажици вода и сè заедно измешајте кратко додека да испари водата.

 

Истурете го неутралниот крем и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие додадете половина кесичка или 2 лажици пармезан и тргнете го од оган.

 

Варете ги тестенините 5 минути, исцедете ги и истурете ги во тавата со сланината. Додадете сол, бибер, магдонос.

 

Промешајте, вратете уште малку на тивок оган, пастата да се ослободи и да го впие вишокот вода од кремот и е готово.

 

Можете да ставите зачини и печурки на листови по ваш вкус.

 

Секоја порција посипете ја посебно со рендан пармезан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma