БРЗО И ЕФИКАСНО: Како да ги отстраните дамките од бигор од чашите

popara1 февруари, 20221min00
17873_case_ig

Веројатно сте забележале дека свежо измиените чаши задржуваат дамки од бигор, без разлика дали ги миете на рака или во машина за садови. Постојат неколку трикови кои ќе ги направат вашите чаши совршено чисти и без заморно полирање, а сите состојки ги имате дома.

  1. Оцет и сол

Состојки

6 лажици оцет

6 лажици вода

2 лажици сол

Постапка:

Истурете ги водата, оцетот и солта во сад, а потоа мешајте додека солта целосно не се стопи. Натопете чист сунѓер во оваа смеса, а потоа истријте ја чашата и од надворешната и од внатрешната страна. Кога ќе ја измиете чашата, исплакнете ја со топла вода и оставете ја да се исуши на сува крпа.

  1. Паста за заби

Пастата за заби е изненадувачки практичен начин за отстранување на каменот од чашите. Користете бела паста за заби така што ќе ја ставите на деловите од шолјата кои се погодени од бигор и ќе триете со мека влажна крпа.

  1. Водена пареа

Ова е можеби најбрзиот начин да се врати сјајот. Истурете вода во големо тенџере и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од ринглата и ставете чаша над него, а потоа избришете ја со чиста крпа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma