Брзо, лесно и вкусно: Салата од компири на поинаков начин (РЕЦЕПТ)

popara18 ноември, 20221min00
Screenshot_3

Рецепт кој добро ќе ви се најде бидејќи салатата се подготвува многу брзо и лесно

 

 

 

 

Состојки:

 

  • 500 гр компири
  • 60 гр кромид
  • сол
  • бибер
  • 50 гр сланина или друго суво месо
  • 3 варени јајца
  • 100 мл кисела павлака
  • 50 гр мајонез

 

 

Подготовка:

 

Пропржете ја сланината. Во солена вода сварете ги јајцата и компирите. Почекајте да се изладат (или изладете ги со ладна вода) и исечкајте ги на коцки. Важно е компирите, јајцата и пржената сланина да бидат ладни пред да се соединат во салата. Во сад ставете ги компирите, сланината, јајцата, ситно сечканиот кромид, мајонезот, павлаката, солта и биберот. Добро измешајте, вкусете и додајте дополнително зачини доколку е потребно.