Брз ручек: Рецепт за вкусно вариво кое пука од протеини, а главната состојка веќе ја имате

popara25 октомври, 20221min00
62180433-varivo-jecam

Дали уживавте во печено пилешко овој празник? Остатоците од фрижидерот можете да ги искористите и за да подготвите фина чорба во работните денови.

Пилешкото е богато со протеини – 100 грама содржи околу 27 грама протеини. Ако го комбинирате ова месо со вкусен јачмен, кој е и добар извор на протеини од растително потекло, ќе добиете протеинска бомба која има одличен вкус и е многу заситувачка.

Доколку ги користите остатоците од печено пилешко од претходниот ден, ќе го забрзате целиот процес за подготовка на ручек или вечера.

Состојки:

400 гр печено пилешко
200 гр јачмен
2 литри пилешки супа
2 моркови
2 стебленца целер
2 супени лажици сок од лимон
1 праз
1 чешне лук
сол и бибер по желба
растително масло за пржење
свеж магдонос

Подготовка:

1. Во тенџере загрејте малку масло и пржете ги морковите исечени на помали парчиња додека не омекнат. Ќе ви бидат потребни околу три минути.

2. Додадете исчистен и сечкан целер и праз и пржете околу две минути.

3. Додадете сечкан лук и пржете околу 30 секунди.

4. Додадете сув јачмен и печете го на масло околу една минута.

5. Сè заедно прелијте го со пилешки супа, сол и бибер по желба. Оставете се заедно да се готви дваесетина минути на ниска температура.

6. Остатокот од пилешкото од ручекот искинете го на помали парчиња и ставете ги во тенџере и сè заедно варете уште десетина минути, додека месото не се загрее, а јачменот термички не се обработи до крај.

7. На крајот од готвењето се додава сок од лимон и свеж магдонос, а по потреба се посолува и бибер.

8. Послужете топло со парче леб. Добар апетит!

Плус совет:

Доколку сакате да го продлабочите вкусот на чорбата, а имате дополнителни финансиски средства на располагање, можете да додадете и свеж копар и сето тоа да го посипете со малку рендан пармезан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma