Бритни Спирс не престанува да ја шокира јавноста. 40-годишната поп ѕвезда е активна на социјалните мрежи каде често објавува фотографии и видеа со „нејасни“ пораки.
Позира топлес, танцува, објавува илустрации со „скриени“ значења, а неодамна успеа повторно да ги загрижи своите бројни обожаватели објавувајќи видеа на кое танцува, по што многумина коментираа дека дефинитивно ѝ е потреба помош.
Несомнено, Брини ужива во својата слобода по повеќе од 13 години постојана контрола и психичка тортура од нејзиниот татко Џејми Спирс кој беше назначен за нејзин старател.
Ѕвездата сега повторно објави гола фотографија која секако воодушеви многумина, но и предизвика и бројни негативин коментари за нејзината ментална состојба.
На фотографијата која ја објави на својот инстаграм-профил, Бритни Спирс позира целосно гола во високи бели чорапи.
А фотофрафиите може да ги погледнете ТУКА.
Да потсетиме, во декември минатата година судот ја ослободи ѕвездата од старателството на нејзиниот татко, кој го контролираше нејзиниот живот во последните 13 години. Оттогаш, таа ужива во работи што долго време не ѝ биле дозволени, како што е обично возење низ градот со автомобил.