Бритни Спирс е бремена! Пејачката го чека своето трето дете

popara12 април, 20221min00
britney-spears-2-830x0

Светската поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари.

– И така направив тест за бременост… и ќе имам бебе – напишала пејачката, а следеле бројни честитки.

Пејачката и нејзиниот вереник ќе го добијат своето прво заедничко дете, а Бритни веќе има два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс од претходниот брак со Кевин Федерлајн.

Од ноември 2021 година, Бритни нема старатели, како што беше случај во последните 14 години, а откако конечно се ослободи, пејачката навести дека размислува да го прошири своето семејство.

– Размислувам за уште едно бебе. Се прашувам дали е ова девојче? – напиша тогаш таа со снимката.

На сослушувањето одржано на 12 ноември во Високиот суд во Лос Анџелес, со одлука на судот, Бритни си ги врати правата да одлучува за сопствениот имот и финансии.

14 години старател на Бритни беше нејзиниот татко Џејми Спирс, а неодамна беше заменет од Џон Забел, сметководител избран од Бритни и нејзиниот адвокат, за привремено да ги надгледува нејзините финансии, но на последното рочиште беше одлучено дека Бритни е потполно слободна и дека не ѝ треба старател.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma