Бритни Спирс и Сем Асгари не отишле на меден месец: Пејачката се огласи и ја откри причината

popara26 јуни, 20221min00
tan2022-6-10180214240-830x0

Пејачката Бритни Спирс на социјалните мрежи се пофали со својот нов дом, но и призна дека таа и нејзиниот сопруг Сем Ашгари се уште не отпатувале на меден месец.

Имено, Бритни на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во шарени бикини покрај новиот базен и ги извести своите следбеници дека по венчавката се преселиле во нова куќа.

– Се уште не сум била на меден месец. Скоро во исто време се венчавме и се вселивме во нова куќа, што не беше баш најпаметно – напишала пејачката.

Таа не крие колку е ентузијастичка за новиот базен бидејќи, како што вели, има добро убаво место за одмор како и воден тобоган.

– Толку ми е чудно кога ќе се разбудам и се е ново, нов базен, нова кујна, нов кревет. Мислам дека сум во шок! – напиша Бритни и додаде дека и таа е воодушевена од новиот двор поради кој смета дека нејзините кучиња мора да се чувствуваат како да се во рајот.

Да потсетиме, Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа во Лос Анџелес, а нивната церемонија за малку ќе ја расипеше нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар.

Тој упаднал во приватен имот во време кога се привршувале последните подготовки пред свадбата, а се` снимил преку директен пренос на Инстаграм. По апсењето, му беше забрането да ѝ се приближува на пејачката.