БРИТНИ СПИРС СЕ МАЖИ! Се слушаат свадбени ѕвона – пејачката ќе му го каже судбоното „да“ на 12 години помладото МОМЧЕ – семејството не доби ПОКАНА

popara9 јуни, 20221min00
414321_brtni-234_f

Поп ѕвездата Бритни Спирс се очекува денеска да се омажи за нејзиниот 12 години помлад вереник Сем Асгари.

Според TMZ, 40-годишната пејачка и 28-годишниот фитнес инструктор ќе ги разменат брачните завети пред стотина луѓе.

Додека нејзиниот брат Брајан треба да биде присутен, нејзините родители Џејми и Лин Спирс, како и нејзината сестра Џејми Лин, најверојатно нема да се појават на церемонијата. Според Дејли Мејл, нејзините родители не добиле ниту покана за свадбата.

Се уште не е јасно кој ќе ја однесе Бритни до олтарот.

Асгари и Спирс се свршија во септември 2021 година, а набргу потоа тој беше виден како избира прстен.

Да се потсетиме, Бритни веќе беше во брак со Кевин Федерлајн, а имаат и два сина – 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma