Брус Вилис напиша тестамент, се лекува од тешка болест: Вака го подели своето богатство од 250 милиони долари

popara14 декември, 20221min00
Screenshot_6

Холивудскиот актер Брус Вилис во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.

 

 

 

Според странските медиуми актерот наводно го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија.

 

Неговото богатство од 250 милиони долари ќе оди кај неговото семејство. По еден милион долари ќе им остави на ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (28), кои ги има со Деми Мур, изјавил извор за Радар онлајн. Изворот открил дека најголемиот дел од парите ќе одат за неговата сегашна сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8).

 

„Брус сака да се погрижи неговите најмали деца да се финансиски безбедни. Тој верува дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Брус прво го промени тестаментот во 2009 година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца, а потоа повторно кога дознал дека има сериозни здравствени проблеми“, додал изворот.

 

Актерот исто така верува дека Деми, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, секогаш ќе биде тука за Румер, Скаут и Талула.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma